Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, ја поздрави брзата и професионална реакција на Државниот инспекторат за труд (ДИТ), кој по применета претставка утврди дека огласот за вработување во Јавното комунално претпријатие „Пиша“ од Липково, е објавен во спротивност со важечките законски прописи.
Државниот инспекторат за труд информираше дека на 8 јануари 2025 година, по добиената претставка, извршен е вонреден инспекциски надзор во ЈКП „Пиша“, при што е потврдено дека огласот за вработување на четири лица не ги исполнил законските барања, согласно Законот за вработените во јавниот сектор и Правилникот за задолжителни елементи на јавните огласи.