Во рамки на денешната 29. седница, прва оваа година, беа отфрлени и интерпелациите за работата на првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, вицепремиерот Иван Стоилковиќ и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, сите поднесени од Европски фронт, а прифатена беше интерпелацијата на претседателката на Комисијата за социјална политика, демографија и млади Илире Даути поднесена од Левица. Plusinfo