Од АМСМ информираа дека од превентивни причини збрана за сообраќај за тешки товарни возила се воведува и на планинскиот премин Пресека, додека тешките товарни возила од 08.50 часот поради заледеност на коловозот на автопатот Пријателство кај село Миравци, се пренасочуваат преку стариот пат Удово – Демир Капија.
Забрана за сообраќај за тешки товарни возила има и на патот Гостивар-Маврово-Дебар, Гостивар-Стража-Кичево, Пресека, Плетвар Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег по интервенција од страна на екипите на ЈП Македонијапат. Skopjeinfo
Автомото сојузот на Македонија информира дека во 12.55 часот на планинскиот превој Плетвар, е воведена е забрана за движење на тешки товарни возила (ТТВ). Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенцијата на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат. Sitel