Таа потенцира на проширувањето денес е поинакво отколку што беше пред пет години и постои огромна можност работите во овој процесот да се придвижат напред.
Првпат по десет години постои реална перспектива дека во текот на овој мандат (на институциите на ЕУ) можеме да донесеме една, две или три земји до целта, рече Кос. Mk
Што се однесува до Србија, според Кос, таа мора да исполни одредени критериуми за отворање на преговорите по Кластерот 3, нагласувајќи дека сега ЕУ чека Белград да ги испорача реформите што ги вети.
Таа најави и иницијатива за организирање фудбалски, кошаркарски и ракометни натпревари меѓу тимови на земјите кандидати за членство и државите членки на ЕУ, со што би се дал нов поттик на проширувањето, надвор од преговорите по поглавја и кластери и спроведувањето на реформите. 360stepeni
„Нема да има геополитичко попуштање, проширувањето останува процес заснован на заслуги“, Според Кос, владеењето на правото и почитувањето на основните вредности се и ќе останат камен темелник на политиката на проширување за кое вели дека е проект на целото општество, а не само на парламентите и владите на земјите кандидати за членство.
Осврнувајќи се на амбициите на земјите од Западниот Балкан за членство на ЕУ, еврокомесарката за проширување најави дека неделава ќе ја посети Црна Гора, а во текот на февруари и Албанија. 360stepeni
Го започнавме мандатот со отворање на еден кластер со Албанија и со затворање на три поглавја со Црна Гора… Ќе одам во Црна Гора оваа недела да го прославам нивното достигнување и да поттикнам понатамошен напредок за време на полското претседателство, нагласи таа.
Според Кос, целите поставени од Црна Гора и од Албанија за затворање на сите поглавја во преговарачкиот процесот со ЕУ до крајот на 2026, односно 2027 година, се „многу амбициозни“, но не се и неостварливи. A1on
И секако дека ќе го направиме тоа и со Србија“, рече Кос.
Таа изрази и очекување дека ќе има напредок во процесот на нормализирање на односите по изборите во Косово, кои ќе се одржат на 9 февруари. Fokus
Првпат по десет години постои реална перспектива дека во текот на овој мандат (на институциите на ЕУ) можеме да донесеме една, две или три земји до целта, рече Кос.
Таа изрази надеж дека за време на актуелното полско претседавање со Советот на ЕУ, ќе бидат отворени еден или два кластери со Украина и Молдавија, како и дека ќе се постигне напредок во преговорите по неколку поглавја и кластери со земјите од Западниот Балкан. A1on
Во воведниот 15 минутен говор пред европарламентарците, Македонија воопшто не ја спомена.
Фокусот го стави на евроинтегративните процеси за Украина, Молдација и на ситуацијата во Грузија. Kanal5
Еврокомесарката за проширување, Марта Кос во Европскиот Парламент и денеска го повтори она што веќе го кажа во два наврата.
Се надеваме дека Македонија ќе ја исполни обврската за промена на уставот, одговори Кос пред Комисијата за надворешни прашања во Европскиот парламент на прашање на известувачот за Србија, Тонино Пицула. Kanal5
Затоа, задачата на сите нас е како да се справиме, како да ги решиме билатералните спорови кога ќе се појават,- - Марта Кос – Еврокомесарка за проширување.
Кос соопшти дека викендов ќе ја посети Црна Гора, а наскоро и Албанија, од каде како што кажа ќе упати порака дека е потребно забрзување на реформскиот процес и исполнување на китериумите за членство од земјите – кандидатки. Kanal5