ЈП Комунална хигиена-Скопје продолжува на граѓаните да им ја нуди можноста својот стар мебел и неупотребливите електронски и електрични уреди да ги одложат без плаќање на надоместок во Центарот за селекција на отпадот во Карпош, секој ден во неделата, од 09 до 19 часот“, се вели во соопштението на ЈП Комунална хигиена-Скопје Од таму посочуваат дека на бесплатниот телефонски број 0800 222 33, жителите на градот Скопје може да ја нарачаат и услугата за преземање и транспорт на кабастиот отпад директно од нивните домови со специјалните возила на ЈП Комунална хигиена-Скопје, што се наплатува согласно однапред утврден Ценовник, објавен на веб-страницата на Претпријатието, на следниот линк:. Skopjeinfo