Секој обид од страна на Владата или политичките партии, да докажат дека има политика во протестите или работата на Синдикатот, ќе им биде залуден, нагласи попладнево на пред Министерството за култура, претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски.
Владата останува на ставот дека политички се мотивирани протестите на вработените во шест министерства и две институции кои бараат зголемување, односно додаток на нивните плати од 30 проценти.
Протестите се малициозни и политички мотивирани, платите не се високи, но и можностите на буџетот се лимитирани, велат од Владата во соопштение.
Од Синдикатот на УПОЗ ѝ порачаа на Владата дека залудни се обидите да докажат дека има политика во протестите.