Со тешки телесни повреди се здобил пешак при удар од патничко возило ноќеска во близина на трговската зона кај Струга, соопшти СВР Охрид.
Денеска во 01.50 часот по полноќ, во полициската станица Струга пријавено е дека на магистралниот пат Ќафасан – Подмоље, патничко возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, управувано од О.Н.(32) од село Драслајца, струшко, удрило во пешакот Б.Т.(36) од Охрид.