Професорката Анмета Цекиќ, наведе дека одлуката за кого ќе гласаат, мнозинството граѓани ја знаат пред изборите (59,09%), но речиси 40 проценти тоа го прават за време на кампањата (32, 8%) или на денот на избори (6,8%). На претседателските избори најмногу испитаници одговориле дека причина за избор на претседателски кандидат е затоа што сметале дека тој/таа за него била најдобра (37,8%), а потоа следува одговорот дека тоа е поради партијата која ја поддржува (34,87%). За парламентарните избори најмногу од Македонците (34%) одговориле дека за одредена партија или коалиција гласале поради програмата на партијата, додека кај Албанците доминира (35) довербата во раководството на партијата. Fokus