Во текот на месец декември 2024 година, до Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) пристигнале вкупно 1.623 пријави за заболени лица од акутни заразни заболувања (без КОВИД-19, грип, туберкулоза, СИДА, АФП и хронични носителства на хепатит Б и Ц и ХИВ), а ова е зголемување за 92,8 отсто во однос на претходниот месец ноември, пишува во месечниот билтен што го објавија денеска во ИЈЗ. Nezavisen
Како што информираат од Институтот, во декември, најчесто регистрирано акутно заразно заболување се овчите сипаници со вкупно 1.025 пријавени лица.
Од групата на сексуално и крвно преносливи инфекции, без ХИВ/СИДА, регистрирани се 22 заболени лица. Netpress