Во Министерството за внатрешни работи денеска беше извршено примопредавање на опрема за поефикасна истрага на местото на настанот во кривични дела кои вклучуваат оружје.
Опремата ќе се користи првенствено од Одделот за форензички испитувања и единиците за истрага на местото на настанот во Секторите за внатрешни работи низ целата држава. Novamakedonija
Опремата, во вкупна вредност од над 200.000 американски долари, се состои од универзални и специјализирани несесери за истрага на местото на настанот, фото камери, како и компјутери и соодветна хардверска опрема што ќе се користи за обработка на местата на настанот, односно злосторството.
Форензиката и истрагата на местото на злосторството играат клучна улога во системот на кривичната правда кога станува збор за случаи кои вклучуваат огнено оружје. Press24
Целта е ефикасно откривање на сторителите и нивно санкционирање, со цел подобрен кривично-правен одговор на злоупотребата на огнено оружје.
Дел од донираната опрема ќе се користи и за опремување на новите простории за симулација за истраги на местото на настанот, кои УНДП ги развива во Центарот за обука на МВР во Идризово. Press24