Заврши судскиот процес против поранешните високи државни и полициски фунционери Трајко Велјановски, Спиро Ристески, Миле Јанакиески и Владимир Атанасовски обвинети дека се организатори на упадот во Собранието на 27 април 2017 година.
„Барањето за примена на амнестија поднесена од обвинтетите Трајко Велјановски, Спиро Ристески, Миле Јанакиески и Владимир Атанасовски се уважува. Mk
„Слободни сте, може да одите“ – им рече судијата по одлуката.
Во доставеното мислење до Основниот кривичен суд Скопје од ОЈО ГОКК за примената на Законот за амнестија во случајот „Организатори на 27 април“, се истакнува дека барањето на одбраната на обвинетите за примена на законот не може да се спори, особено ако се земат предвид обвинетите и осудените што веќе се амнестирани. Civilmedia
Трајко Вељановски, Миле Јанакиески, Спиро Ристовски и Владимир Атанасовски се ослободуваат од кривично гонење во предметот „Организатори на 27 април“. Skopjeinfo
Основниот кривичен суд Скопје го прифати барањето за амнестија и ги ослободи од натамошно гонење поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, поранешните министри Спиро Ристовски и Миле Јанакиески, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.
Четворицата беа обвинети и им се судеше како организатори на настаните во Собранието од 27 април 2017 година. 360stepeni
Судијата Илија Трпков, на почетокот посочи дека настаните во Собранието на 27 април 2017 година не се ниту сечени, ниту монтирани, туку вистински, порачувајќи дека ова е демократска земја и секој има право да порачува што смета, а судиите треба да опстанат и издржат во процесите.
Уривањето на Собранието е уривање на државата. Denesen