Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
4
0.00
11.15
0.23/0.00
4.00
1.42
0.35
357.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 4
8 ■ 0.99/0.01 ■ 2 ■ 61.2
Best clustering variants
8 0.99/0.01 2 61.2
16:25 h 26-Jan-2025
  • Дебитантскиот филм на режисерот Георги Унковски „Диџеј Ахмет“ кој премиерно беше прикажан на фестивалот „Санденс“ во конкуренција за награди на програмата Светски филм доби одлични рецензии во две од трите највлијателни филмски списанија „Холивуд репортер“ и „Варајети“. го фалат пристапот на Унковски чија претежно аматерска актерска екипа успеала да создаде солидна натуралистичка изведба.
  • ◉ „Диџеј Ахмет“, дебитантниот филм на Унковски, со позитивни критики во Варајети и Холивуд репортер
12:58 h 24-Jan-2025
  • „Елегантен и привлечен“, „Инспиративна приказна за созревањето…“ вели прочуеното филмско списание во рецензијата за дебитантскиот филм „Диџеј Ахмет“ на Георги Унковски, кој синоќа премиерно беше прикажан на фестивалот Санденс во Парк Сити, Јута, во конкуренција за награди на програмата Светски филм.
  • Елегантен и привлечен, вели „Холивуд репортер“ за „Диџеј Ахмет“ на Георги Унковски
360stepeni

Иако навлегува во очекуваната тематика на созревање (преку расцутувачка романса, желбата за утврдување на сопствениот идентитет и конфликтот меѓу родителите и децата), културниот контекст, инвентивниот раскажувачки стил на Унковски и сосема извонредната актерска екипа за првпат создаваат уникатно дело кое стои само за себе“, Во разговор со „Варајети“, Унковски зборува дека токму изборот на актерката екипа е еден од најголемите успеси на филмот, укажувајќи дека е пресреќен со изборот на актерите за кои имале неверојатно детален кастинг процес.

„Поминавме 3 000 деца од оваа етничка заедница во Македонија и го сведовме изборот на 60 кандидати“, Сместен во оддалеченото јуручко село Коџалија во Источна Македонија, „Диџеј Ахмет“ на турски и на македонски јазик ја раскажува приказната за 15-годишниот Ахмет кој наоѓа прибежиште во музиката и сонува да стане диџеј додека се справува со очекувањата на татко му, конзервативната заедница и неговото прво искуство со љубовта – девојка која веќе му е ветена на некој друг. 360stepeni

Nezavisen

Рецензијата на филмскиот критичар Џордан Минцер, насловена „Техно музиката и овчарството се судираат во трогателна приказна за созревањето“, почнува со реченицата : „Замислете си го ‘Безгрижен’ (Footloose) да се случува токму сега во едно мало село во Северна Македонија и ќе ја добиете атмосферата зад трогателниот игран филм деби на сценаристот и режисер Георги М. Унковски, ‘Диџеј Ахмет’“. „Диџеј Ахмет“, на турски и македонски јазик, е драма со примеси на комедија за Ахмет, 15-годишно момче од забито јуручко село во Источна Македонија, кое наоѓа прибежиште во музиката и сонува да стане диџеј додека се справува со очекувањата на татко му, конзервативната заедница и неговото прво искуство со љубовта – девојка која веќе му е ветена на некој друг.

Во критиката меѓу другото стои: „Работејќи со претежно аматерска актерска екипа, Унковски успеал сите да создадат солидни натуралистички изведби, особено симпатичниот новајлија Јакуп“, како и „Режисерот и кинематограферот Наум Доксевски го капат филмот во златно светло кое е далеку од мрачниот изглед на многу уметнички филмови сместени во поранешните балкански земји“. Nezavisen