По 477 денови поминато во заробеништво, Израелката со македонско потекло, Наама Леви беше ослободена од Хамас и се врати во Израел.
Палестинската исламистичка организација Хамас денеска, во согласност со договорот за прекин на огнот во Појасот Газа, објави имиња на четири припаднички на израелската армија кои утре ќе ги ослободи како дел од вториот круг на размена на нејзини затвореници за Палестинци од израелските затвори.
Израел денеска ја обвини палестинската исламистичка организација Хамас за две прекршувања на договорот за примирје и со тоа ја оправда забраната на раселените жители во јужниот дел на Појасот Газа да се вратат на север.
Хамас ослободи четворица израелски заложници, женски војници и ги предаде на Црвениот крст во замена за 180 палестински затвореници кои се држат во израелските затвори.