Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека има 17 советници, од кои четворица се со полно работно време во Владата.
Проблемот со недостатокот на лекови на Клиниката за онкологија е решен за рекордно време, нема да се повтори во иднина и по првпат нема да се земаат лекови на реверси, без контрола и со избор на преферирани веледрогерии – вели премиерот Христијан Мицкоски во интервју за „360 степени“ на МРТ 1. На прашањето зошто власта не е спремна да преземе одговорност за актуелната ситуација на Онкологија со оглед на тоа што има министер, директор на ФЗО и директор на Клиниката, а дел од пациентите останаа без биолошка терапија, Мицкоски вели дека скандалите датираат од поодамна Најчесно ќе беше да продолжиме со принципот како досега, односно омилената веледрогерија на претходната влада, да ја негуваме и третираме, како што тоа го правеше претходната влада, да добиваме лекарства на реверс кои ќе ги плаќаме 3-4 пати повеќе, без соодветна тендерска процедура, па сето тоа потоа да се враќа, надградува и додава, или да спроведеме нормална законска тендерска процедура во којашто снабдувачите ќе обезбедат ваков тип лекови за пациентите и тоа го правиме“, вели премиерот.
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во неговото гостување во емисијата „360 степени” зборуваше за неговото физичко следење од страна на службите додека беше лидер на опозицијата за што потенцираше дека била класична злоупотреба на државните ресурси и дека нема никаква разлика од прислушкувањето преку злоупотреба на државни ресурси за што луѓе лежат во затвор.
Премиерот Христијан Мицкоски, во однос на македонското членство во ЕУ и конечното формирање на политичка влада во Бугарија, вечерва изјави дека македонската Влада останува на своите позиции дека членството треба да се исполни според постигнувања, не според билатерални спорови.