Муцунски оддаде почит кон жртвите и денешните наследници на македонските Евреи кои во 1943 година биле присилно депортирани.
Тој нагласи дека, како полноправна земја членка на ИХРА, македонската Влада останува цврсто посветена на борбата против антисемитизмот, искривувањето на историските факти и негирањето на Холокаустот. Kanal5
Во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија денеска со отворање на изложбата од Јад Вашем – Израел, насловена „Аушвиц – место на Земјата: Албум со фотографии од Аушвиц“, која претставува единствена визуелна документација за страдањата на Евреите депортирани во Биркенау, е одбележан Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на Холокаустот. Biznisvesti