На денешната 46та владина седница, донесовме низа важни одлуки кои имаат за цел да го подобрат квалитетот на животот на сите вас, да ја зајакнеме нашата економија и да ја подобриме транспарентноста, вели портпаролката на Влада, Марија Митева.
Владата соопшти дека на денешната седница ги усвои двата договора за кредитната линија од 250 милиони евра наменета за бизнисот со што средствата, како што наведува, ќе станат оперативни.