Северна Македонија може да смета на поддршката од Унгарија на нејзиниот евроинтегративен пат.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Будимпешта во рамки на унгарско-македонскиот владин самит ќе оствари средба со неговиот домаќин унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Нашата стратешка цел како држава да бидеме дел од европското семејство, нешто што го заслуживме многу одамна, била, е, и ќе остане наша стратешка цел, но исто така мораме да потенцираме дека тоа што македонските граѓани го дадоа за реализирање на оваа стратешка цел, која за жал не е поместена од состојбата која беше пред 20 години, е навистина бесценета, односно цената е толку голема, што не може да се утврди, бидејќи пред се зборуваме за процесот на билатерализација на преговори, а не за европеизација на преговорите – порача денеска премиерот Христијан Мицкоски од Будимпешта на заедничката прес-конференција со унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Премиерот Христијан Мицкоски и министрите ќе учествува на унгарско-македонскиот владин самит на 3-4 март 2025 година што ќе се одржи во Република Унгарија.