Царината информираше дека нивни тимови спречиле обиди за криумчарење речиси на сите гранични премини во државата.
Имало обиди за криумчарење на луксузни чанти, цигари, масло како и пасоши за миленичиња - Две пријателки кои патувале со лет од Париз во договор со македонски моден креатор кој престојува во Франција се обиделе во државава да криумчарат 16 луксузни чанти од брендот Loewe со вкупна вредност од 3,1 милион денари. Skopjeinfo