За една недела, односно од 20 до 26 јануари во земјава се пријавени 1 878 случаи на заболени од грип или заболувања слични на грипот, што е 33 отсто повеќе во споредба со претходната година, се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Најголем дел од новопријавените заболени – 581 се во Скопје, а потоа е Кавадарци со 219.
Во текот на четвртата недела од 2025 година, во државава пријавени се 1.878 случаи на групни пријави за заболени од грип - заболувања слични на грипот.