Пратеникот на Левица, Борислав Крмов, по однос иницијативата истакна дека се работи за позитивен преседан, прв пат со потпис од 15 пратеници да се побара да се свика надзорна расправа.
Правото на чист воздух е една од темелните вредности и согласно Уставот и на општеството во целина. Libertas
По многубројните повици да се преземат конкретни мерки за намалување на загадениот воздух во градовите, СДСМ и Левица покренаа иницијатива во Собранието да се расправа за загадениот воздух.
Врз основа на барањата на граѓаните, на невладините организации и многу експерти коишто работат на зачувување на животната средина, и најважно, врз основа на поразителните резултати коишто доаѓаат за загаденоста на воздухот, покренуваме иницијатива за одржување на Надзорна расправа во Собранието. Nezavisen
Пратеници на опозициските партии СДСМ и Левица покренуваат иницијатива за свикување Надзорна расправа во рамки на Собранието, на која би се расправало за мерките и активностите што би се спровеле во насока на подобрување на состојбата со загадувањето на воздухот. Novamakedonija