Судија на претходна постапка вечерва му одреди 30-дневен притвор на 22-годишниот Васил Јованов, кој вчера на пешачки премин, на црвено светло и во алкохолизирана состојба со возилото на својот татко, ја прегази 22-годишната Фросина Кулакова на булеварот „Партизански одреди“ во близина на пекарата „Силбо“.
Срцето на 22-годишната амбициозна и креативна модна дизајнерка од Неготино, Фросина Кулакова синоќа престана да чука.