Гоце Димовски, директорот на Дирекцијата за Технолошки индустриски развојни зони, во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ зборува” се осврна на фактот дека, според најновите податоци од Народна банка за првите девет месеци од 2024 година, странските директни инвестиции во земјата изнесуваат над 830 милиони евра.
Целта на оваа Влада е компаниите, пред сè од приватниот сектор, да им дадеме сериозна поддршка, бидејќи оние компании кои даваат додадена вредност во самата економија треба едноставно да ги негуваме.