Вестите на денот, кратко и јасно, секој ден во твојот инбокс.
Граѓаните со гнев и болка излегоа на улиците на Скопје, блокирајќи го булеварот „Партизански одреди“ во близина на „Силбо“ во знак на протест против трагичната смрт на 22-годишната Фросина Кулакова од Неготино.
Тие бараат правда и одговорност од институциите, кои, според нив, не прават доволно за да ги спречат ваквите трагедии.
Настанот ќе започне во 15 часот на градскиот плоштад во Неготино, и е спонтано организиран од граѓани, кои сакаат да и оддадат чест на Фросина, да упатат пораки со поддршка до нејзиното семејство, но и да порачаат – Доста е за дивеењето низ улиците, доста за неказнивоста на прекршителите, доста за небезбедноста на граѓаните, предизвикана од недопирливи поединци!
На социјалните страници посветени на општината веќе е објавена најавата за собирот, а граѓаните се замолуваат со себе да понесат и транспаренти со кои јасно ќе се упати пораката дека безбедноста на улиците, не само во Скопје, туку и во целата земја мора да биде приоритет, одговорноста мора да биде неизбежна, а жртвите не смеат да останат само статистички бројки. Fokus
Според информациите од МВР, возачот, 20-годишниот В.Ј., во моментот на несреќата возел без возачка дозвола, со брзина поголема од 120 километри на час, поминувајќи на црвено светло под дејство на алкохол.
Настанот ќе започне во 15 часот на градскиот плоштад во Неготино и е организиран од граѓани кои, покрај тоа што ќе ѝ оддадат почит на Фросина, ќе испратат и силна порака – „Доста е!“ Тие бараат ригорозни мерки против несовесните возачи, поголема безбедност на улиците и крај на неказнивоста за сообраќајните прекршители. Plusinfo
Во Скопје денеска во 13 часот ќе се одржи протест на местото каде што загина 22-годишната Фросина Кулакова, која беше прегазена од 20-годишен возач без возачка дозвола, додека минувала на пешачки премин. Plusinfo
На социјалните страници посветени на општината веќе е објавена најавата за собирот, а граѓаните се замолуваат со себе да понесат и транспаренти со кои јасно ќе се упати пораката дека безбедноста на улиците, не само во Скопје, туку и во целата земја мора да биде приоритет, одговорноста мора да биде неизбежна, а жртвите не смеат да останат само статистички бројки.
Со запалени свеќи на плоштад, неготинци ќе се простат од девојката чиј живот и соништа беа прекинати во чекор. Fokus
Сите ќе излеземе и ќе испратиме порака дека се потребни промени кога е безбедноста во сообраќајот во прашање, за ,,Фокус” вели градоначалникот д-р Горан Стојанов.
Тој порача дека одговорноста за безбедноста во сообраќајот е подеднаква за сите, за децата кои управуваат со мотори и автомобили без возачка дозвола, за нивните родители кои тоа го дозволиле, но и за полициските службеници кои мора неселективно да ги спроведуваат законите и да го санкционираат секој прекршител на законите. Fokus
Неготино тагува и жали по прерано згаснатиот живот на нивната сограѓанка 22 годишната Фросина Кулакова.
Со граѓански протест тие го искажуваат револтот поради трагичното прегазување во Скопје на Партизанска, на младата студентка. Kanal5
Потоа ќе се одржи погребот во нејзиниот роден град.
И граѓани на Кавадарци најавуваат собир на улицата ,,Илинденска” во Кавадарци, кој ќе се одржи во недела во 12 часот, поради трагедијата со Фросина, со порака дека тоа може да му се случи на сечие дете и дека е доста со улиците да владеат потенцијални убијци кои минуваат неказнето за своите прекршоци. Libertas
Како може законите да не важат исто за сите?
И во Неготино, мало место, посебно во лето, редовно сведочиме на трките низ улиците, сведочиме на сообраќајни незгоди, а во бројни наврати и јавно преку медиуми и на социјални мрежи сме апелирале за поголема безбедност, за силни контроли од страна на полицијата, молиме за легнати полицајци на повеќе локации кои се како писти за трка. Libertas
Од Основниот кривичен суд се огласија по повод сообраќајката на Партизанска, по која животот го загуби 22-годишната Фросина, откако беше прегазена од 20-годишниот В.Ј. „Во однос на повеќе новинарски прашања поврзани со сообраќајната несреќа на булеварот Партизански одреди во која едно лице го загуби животот, ја информираме јавноста дека Судија на претходна постапка во текот на вчерашниот ден, по произнесување на Јавниот обвинител и осомничениот В.Ј., го прифати предлогот и на обвинетиот му определи мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од чл. 165.
Мерка притвор во траење од 30 дена му е одредена на 20-годишниот Васил Јованов кој во средата вечерта на булеварот „Партизански одреди“ удри со автомобил во 22-годишната Фросина Кулакова, која почина на самото место.
Јавноста со право прашува, како е можно лице кое е со криминално досие, без возачка дозвола, со голем број на претходни прекршувања на сообраќајните правила, повторно да биде зад воланот, вели министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по несреќата во која пред два дена 20-годишник со автомобил ја усмрти 22-годишната Фросина Кулакова на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.
Како министер за внатрешни работи, но пред сè како човек и како татко, не можам, а да не ја споделам вознемиреноста и револтот што деновиве го чувствуваме сите.
Толпата граѓани, кои попладнево се собраа во чест на трагично загинатата Фросина Ќулакова, стигна пред Собранието на Република Македонија.
Возачот кој ја смрти 22-годишната Фросина Кулакова во близина на Универзалната сала на булеварот Партизански одреди, доби 30-дневен притвор.
Судијата Даниела Алексовска Стојановска од скопскито Кривичен суд лани на 31 јули ја донела пресудата со која тогаш 19 годишниот Васил Јованов, фатен со 80 паковски амфетамин, наместо во затвор, му изрекла мерка за во поправниот дом во Тетово.
Кривичниот суд излезе во јавноста со соопштение во врска со претходните судски постапки кои биле водени против 20-годишниот Васил Јованов, кој ја усмрти младата Фросина Кулакова на улицата „Партизански одреди“.
За сообраќајната несреќа во која завчера на бул.
Непостапувањето на институциите и неказнивоста на криминалците ја плаќаме со уште една трагедија.