Апсолутно е оправдан револтот на граѓаните и тука нема дилема.
Претседателот на Владата на Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање за очекувањата за странските директни инвестиции оваа година, изјави: „Од бројките којшто јас ги имам на располагање, заклучно со ноември месец, имаме во 2024 година повеќе од една милијарда, мислам околу милијарда и четириесет милиона.
Според сведоштвата на граѓаните, дел од производителите, дистрибутерите и маркетите се служат со трикови и тие трикови придонесоа цените на одредени производи да се зголемат, истакна премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на прашање од пратеникот Бојан Стојановски.
Премиерот Христијан Мицкоски очекува 250. милиони евра од унгарскиот кредит наменет за компаниите да придонесат за задвижување на економијата, заедно со кредитот од 250 милиони евра наменет за капитални инвестиции во општините и со директните странски инвестиции во 2024 година, кои очекува да надминат една милијарда евра.