Владата е одговорна да се грижи за граѓаните да не доживуваат вакви цени, поради тоа што таа е одговорна за формирањето на цените, истакнал претседателот на СДСМ, Венко Филипче кој е во дводневна работна посета на Хрватска, на средби со раководството на хрватската Социјалдемократска партија (СДП). -Еве и тука, во Хрватска, има протест на граѓаните за високите цени на маркетите. Biznisvesti
Владата е одговорна да се грижи граѓаните да не доживуваат вакви цени.
Посебно во ситуација кога нема никаков слух за зголемување на нивните плати, еден систем кој што ние го воспоставивме во минатото и сега како опозиција не одговара на нашите повици и предлог закони за зголемивање на минимална плата. Kanal5
Претседателот на СДСМ Венко Филипче и заменик претседателката Фани Каранфилова Пановска, во Загреб, Република Хрватска остварија работни средби со раководството на Социјалдемократската партија на Хрватска, со претседателот Синиша Хајдаш Дончиќ, со потпретседателот Ранко Остојиќ и со меѓународниот секретар, Каролина Леаковиќ.
Како што соопштуваат од партијата, по средбата Филипче посочил дека се разменети искуства во делот на партиските активности, акцентот е ставен на поддршката на СДП и соработката во градењето на новата Програма на СДСМ, како што рекол, како две сестрински партии кои споделуваат социјалдемократски вредности. Biznisvesti
Во еден дел сме соочени со слични предизвици, имајќи предвид дека ги промовираме социјалдемократските вредносни политики.
Ставивме акцент на соработка во однос на поддршката и размена на искуства во градењето на новата Програма, во делот на поддршката на економските програми, понатаму во поддршката на граѓаните, во делот на зголемувањето на платите, во делот на зголемување на стандардот на граѓаните. Fokus
Филипче ќе има средба со претседателот на Социјалдемократската партија на Хрватска (СДП) Синиша Хајдаш Дончиќ.
Посетата на Филипче, како што наведуваат од СДСМ, „е нов импулс во односите меѓу двете сестрински партии и чекор кон унапредување на меѓусебната соработка“. Nezavisen