Сите институции се излезени на терен, и се наоѓаат во сите поголеми супермаркети, ова денеска го изјави на новинарско прашање премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски во однос на тоа дали инспекторите излегле на терен поради високите цени во маркетите. Netpress
Мислам дека во овие моменти треба сите заедно да работиме за да излеземе како победници од целата оваа ситуација и мислам дека ќе излеземе како победници – рече тој.
Оваа изјава на Мицкоски доаѓа ден по организираниот бојкот на големите маркети предизвикан од поплаките на граѓаните дека цените, дури и на основните прехранбени производи, секојневно стануваат сѐ повисоки. Fokus
За бојкотот граѓаните преку социјалните мрежи, беа повикани да не пазарат, по примерот на Хрватска и уште неколку држави.
Според податоците на Сојузот на синдикати на Македонија, минималните трошоци на едно четиричлено семејство во јануари се зголемени за 391 денар во однос на декември. Kanal5