Ќе поддржам се што има реална основа, а има реална основа овде да се реагира.
Сепак, како претседател на Комората во која членуваат и ланците маркети, ќе инсистирам да се најде решение низ дијалог. Kanal5
Како заштитник на компаниите, дијалогот е излез од оваа ситуација, проблемот меѓу производителите и продавачите не е од сега, туку од поодамна, а може да се реши само со разговор.
Кај нас таков дијалог се одвива постојано, настојуваме да се спречи секаков потрес меѓу нив за да не се одразува врз стандардот на граѓаните. Skopjeinfo
Пораки дека решение за високите цени треба да се бара низ дијалог меѓу производителiте и продавачите и да се почитува Законот за нефер трговски практики, беа упатени во тек на бојкотот на големите ланци маркети што се одржа вчера првпат во државава по постојаното поскапување на основните прехранбени производи. Nezavisen
Според најавите, на седницата на ЕСС задутре ќе се разговара за минималната плата, а Владата останува на ставот дека ќе го прифати она што ќе го договорат синдикати и работодавачите.
Согласно законот, во март треба да се направи усогласување на минималната плата која според досегашните пресметки треба да се зголеми за 1.800 денари. Skopjeinfo
Според податоците на Сојузот на синдикати на Македонија, минималните трошоци на едно четиричлено семејство во јануари се зголемени за 391 денар во однос на декември.
Во делот на храната и пијалоците се бележи зголемување од 123 денари. Nezavisen