Организаторите побараа спроведување на план за итни мерки и долгорочни решенија за заштита на животната средина во Струмичката котлина и за намалување на загадувањето со вонредни и краткорочни мерки.
Привремена забрана за работа на индустриските погони со висок степен на загадување додека не се инсталираат филтри и не се потврди усогласеност со еколошките прописи, контрола на согорување на опасни и несоодветни материјали во пластениците и индустриските објекти со дваесет и четири часовни патроли, користење на рачни мерачи и дронови, итно затворање на дивите депонии кои испуштаат токсични гасови, нивна санација и физичко обезбедување на локациите со камери и бариери, зачестена контрола на нелегална сечна на огревно дрво, забрана за дотур и пуштање во промет на огревно дрво што не е отстоено во склад осум месеци од денот на сечење, рече Оливера Аризанова Мансабрт, која ги пренесе барањата на екологистите за намалување на загадувањето на воздухот во Струмица.