Осомничената, по несреќата, веднаш го напуштила местото без да му укаже помош на повредениот што исто така е кривично дело кое и се става на товар“, соопштија од ОЈО-Скопје Имајќи ги предвид сите околности, а пред се фактот што осомничената практично побегнала од местото на извршување на делото без да помогне на жртвата и подоцна не се пријавила сама, јавниот обвинител оценил дека е потврдена опасноста таа да се обидува да ја избегне постапката и кривичната одговорност, па на Основниот кривичен суд Скопје му предложил да определи мерка притвор за нејзино обезбедување. Fokus