Воспитната мерка за поседување на марихуана и кокаин која ја добил Васил Јованов кој ја усмрти Фросина Кулакова, според пресудата која ја објави Кривичниот суд, била адекватна, бидејќи се ценела неговата младост, околности, недоволно животно искуство, опкружувањето и друштвото каде се користеле наркотици било секојдневие.
Возачот Васил Јованов кој ја усмрти Фросина Кулакова, преку неговиот адвокат барал Кривичен суд да не му одреди притвор, пренесе „ “. Тој вчера го убедувал судот дека нема да бега, ни да влијае на сведоци, ниту да го повтори делото.