За улогата на нашата земја во регионот како крстопат за трансфер на природен гас и електрична енергија, за тековните и идните проекти со Грција, за новите можности што се отвораат за размена на искуства и помош за нас од искуството во Република Кипар, но и за глобалната енергетска ситуација, говори министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска во разговор со дописничката на МИА од Атина по нејзиното учество на 14-от Енергетски самит (Athens Energy Summit). За Божиновска ова беше прво учество на настан во Грција, а на маргините на конференцијата оствари одвоени средби со нејзиниот грчки колега, министерот за животна средина и енергетика Теодорос Скилакакас и со министерот за енергетика, трговија и индустрија на Република Кипар Јоргос Папанастасиу, од кои добила покани за нови билатерални средби во иднина.
Енергетската безбедност, климатските промени и транзицијата кон поодржлива економија ќе бидат во фокусот на 14-от Енергетски самит (Athens Energy Summit) што денеска ќе се одржи во Атина, а на кој ќе учествува и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, јави дописничката на МИА од Атина.