Енергетската безбедност, климатските промени и транзицијата кон поодржлива економија ќе бидат во фокусот на 14-от Енергетски самит (Athens Energy Summit) што денеска ќе се одржи во Атина, а на кој ќе учествува и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, јави дописничката на МИА од Атина. Nezavisen
На форумот ќе се разговара за предизвиците и можностите во енергетскиот сектор, со акцент на регионалната соработка, енергетските интерконекции и транзицијата кон чиста енергија, соопштија организаторите на Самитот.
Енергетскиот самит (Athens Energy Summit) се одржува по 14 пат, традиционално обединува водечки функционери и претставници на енергетската индустрија, обезбедувајќи можност за стратешки дијалог за иднината на енергијата во поширокиот регион. Sitel
Министерката Божиновска, на маргините на Самитот во Атина, оствари и билатерални средби со министерот за животна средина и енергија на Грција, Теодорос Скилакакис и министерот за енергетика, трговија и индустрија на Кипар, Џорџ Папанастасиу.
Фокусот на разговорите беше важноста на меѓународната соработка за забрзување на енергетската транзиција, продлабочување на соработката во областа на обновливите извори на енергија, со акцент на примената на батериски системи, моделите за субвенции за домаќинства што инвестираат во фотоволтаици и размена на искуства во енергетската регулатива. Faktor
Министерката за енергетика, рударство и минерални ресурси Сања Божиновска, учествуваше на Енергетскиот самит во Атина, Грција, каде што беше говорник на панелот со наслов „Енергетската голема игра – Геополитика и глобалниот енергетски пазар“.
Министерката Божиновска, на маргините на Самитот во Атина, оствари билатерална средба со министерот за животна средина и енергија на Грција, Теодорос Скилакакис и министерот за енергетика, трговија и индустрија на Кипар, Џорџ Папанастасиу. Press24
За улогата на нашата земја во регионот како крстопат за трансфер на природен гас и електрична енергија, за тековните и идните проекти со Грција, за новите можности што се отвораат за размена на искуства и помош за нас од искуството во Република Кипар, но и за глобалната енергетска ситуација, говори министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска во разговор со дописничката на МИА од Атина по нејзиното учество на 14-от Енергетски самит (Athens Energy Summit). За Божиновска ова беше прво учество на настан во Грција, а на маргините на конференцијата оствари одвоени средби со нејзиниот грчки колега, министерот за животна средина и енергетика Теодорос Скилакакас и со министерот за енергетика, трговија и индустрија на Република Кипар Јоргос Папанастасиу, од кои добила покани за нови билатерални средби во иднина.
Главната тема за која разговарале Божиновска и Скилакакис бил интерконекторот за природен гас што треба да ги поврзе двете земји, а министерката објаснува дека во секој момент се чека потврда од Европската инвестициона банка за да се потпише договор со операторот и да започне изградбата. Nezavisen
“ Министерката ги презентираше напорите на земјата за постигнување енергетска независност преку инвестиции во обновливи извори на енергија, како што се соларните проекти „Битола 1“ и „Осломеј 2“ со капацитет од 30 MW, кои ќе произведуваат 46 GWh годишно, доволно за 7.000 домаќинства, со што ќе се намалат 40.000 тони CO₂ емисии годишно.
Исто така, таа го спомена и развојот на ветерниот проект во Штип со капацитет од 400 MW. Божиновска ја потенцираше важноста на регионалната соработка за енергетска безбедност, истакнувајќи ги проектите за интерконекција со Грција, со кои земјата не само што ќе заштеди 12 милиони евра годишно, туку и ќе ја зајакне стабилноста на целиот регион. Faktor
Исто така, таа го спомена и развојот на ветерниот проект во Штип со капацитет од 400 MW. Божиновска ја потенцираше важноста на регионалната соработка за енергетска безбедност, истакнувајќи ги проектите за интерконекција со Грција, со кои земјата не само што ќе заштеди 12 милиони евра годишно, туку и ќе ја зајакне стабилноста на целиот регион.
Таа исто така ги истакна законодавните реформи во енергетскиот сектор, вклучувајќи го новиот Закон за енергетика, усогласен со директивите на ЕУ, и Законот за обновливи извори на енергија, кој отвора можности за батериско складирање, децентрализирано производство на енергија и интеграција на паметни мрежи. Faktor
Главната тема за која разговарале Божиновска и Скилакакис бил интерконекторот за природен гас што треба да ги поврзе двете земји, а министерката објаснува дека во секој момент се чека потврда од Европската инвестициона банка за да се потпише договор со операторот и да започне изградбата.
Кај нас беше поништена постапката и имавме нова постапка, а многу важно за нас како држава е што цената е за 12 милиони поевтина од минатиот пат. Fokus