Поранешниот директор на СОЗР, Пеце Мирчевски како лажен новинар присуствувал на меѓувладина седница во Софија.
По денешната кривична пријава од Управата за финансиска полиција (УФП) до Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје, против поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) на Владата, Пеце Мирчевски, во јавноста се откриваат нови детали во контекст на обвинението за несовесно работење во службата. Faktor
Основното јавно обвинителство Скопје заедно со Управата за финансиска полиција презема дејствија за обезбедување докази во предмет за кривични дела примање поткуп, давање поткуп, проневера во службата и несовесно работење. Press24
Основното јавно обвинителство Скопје заедно со Управата за финансиска полиција презема дејствија за обезбедување докази во предмет за кривични дела примање поткуп, давање поткуп, проневера во службата и несовесно работење.
Во тек се претреси на локации во Скопје, за што е обезбедена наредба на судија на претходна постапка, а се преземаат и други дејствија, се вели во соопштението на Обвинителството поврзано со инфорамцијата за претреси во домот на екс директорот на Службата за општи и заеднички работи на владата, Пеце Мирчевски. Sitel
Поранешниот директор на СОЗР, Пеце Мирчевски, е уапсен и однесен во полициската станица Кисела Вода откако денеска Управата за финансиска полиција му отвори истрага за злоупотреба и финансиски малверзации извршени за време додека бил директор. Fokus
Поранешниот директор на СОЗР, наводно, се потпишал на документ со кој самиот си се претставил како новинар, заедно со уште петмина во негова придружба, нарекувајќи ги новинари и уплатил од буџетски пари шест еднокреветни соби со полн пансион, наводно да го следат и да ја известуваат јавноста за настанот на 25 јануари 2022 година.
Кривичната пријава за Пеце Мирчевски се однесува за сторени кривични дела: примање поткуп, фалсификување службена исправа, проневера во службата и несовесно работење во службата, а за сопственик на фирма од Скопје поднесена е пријава за сторено кривично дело – давање поткуп. Fokus