Судиите и Подружницата на Здружение на судии на РСМ при Основен кривичен суд Скопје денеска во соопштение до медиумите изразуваат длабоко жалење за загубениот млад живот на Фросина Кулакова во сообраќајната несреќа која ја потресе јавноста и, како што наведуваат, поттикнати од бурните реакции во јавноста по повод донесената неправосилна пресуда за Васил Јованов за сосема друг случај, како судии ценат дека е потребно да се обратат до јавноста со цел заштита на угледот на судиската функција, но и демантирање на сите шпекулации и лажни вести. Libertas
Надлежните органи можат да утврдат дали и во тој случај имало умисла кај лицето.
Како судии ги повикуваме надлежните судски институции да ги искористат механизмите за проверка на првостепната пресуда и да утврдат дали постојат евентуални пропусти во постапката и дали воопшто имало услови за изземање на судијата во контекст на сите шпекулации за нејзина поврзаност со семејството на обвинетиот. Nezavisen
Неказнивоста во нашето општество не е генерирана само од Судската власт, туку е проблем на сите три власти, а тоа може да се утврди доколку се имаат предвид сите Закони за амнестија, помилувања и измени на Кривичниот законик со кои целосно или делумно се ослободени голем број осуденици лица.
Судиите постапуваат исклучиво врз основа на Уставот, Законите и Меѓународно ратификуваните договори, раководејќи се по начелата за независност, непристрасност и правичност, но и начелото на јавност и праксата од јавно достапните правосилни пресуди. Kanal5
Судиите постапуваат исклучиво врз основа на Уставот, Законите и Меѓународно ратификуваните договори, раководејќи се по начелата за независност, непристрасност и правичност, но и начелото на јавност и праксата од јавно достапните правосилни пресуди.
Ја повикуваме јавноста да не подлегнува на провокации, лажни вести и шпекулации, како и стигматизирање и линч на еден судија, заради постигнување на други цели. Fokus
Судиите и Подружницата на Здружение на судии при Основен кривичен суд Скопје денеска во соопштение до медиумите изразуваат длабоко жалење за загубениот млад живот на Фросина Кулакова во сообраќајната несреќа која ја потресе јавноста и, како што наведуваат, поттикнати од бурните реакции во јавноста по повод донесената неправосилна пресуда за Васил Јованов за сосема друг случај, како судии ценат дека е потребно да се обратат до јавноста со цел заштита на угледот на судиската функција, но и демантирање на сите шпекулации и лажни вести.
Во продолжение ја пренесуваме интегрално реакцијата на Судиите и Подружницата на Здружение на судии на РСМ при Основен кривичен суд Скопје: – Како судии ги подржуваме граѓаните во нивните барања за Системските промени, што впрочем е и заложба на Премиерот, а се однесува за зголемување на безбедноста во сообраќајот, што во извесна мера значи и промена на одредбите во Кривичниот законик за овој тип на кривични дела, кои очигледно често се повторуваат, а кои одредби неретко и ги „ограничуваат“ судиите во нивното постапување. Novamakedonija