Покрај политичките средби, агендата на министерот вклучува активности за економска промоција на земјата, како и бројни средби со истакнати стопанственици и претставници на бизнис-секторот.
Во рамките на посетата, министерот Муцунски ќе оствари и средби со македонски и австралиски бизнисмени, како и со членови на Групата за пријателство со нашата земја во Парламентот на Австралија, стои во соопштението на МНРиНТ. Biznisvesti
Клубот претставува спортски симбол на македонската заедница и ја негува традицијата и врските со татковината преку спортот.
„Во црвено-жолта боја, тука од Мелбурн навивавме за тимот кој е гордост на македонската заедница, успешен спортски модел и симбол на спортскиот дух во Австралија,“ напиша Муцунски во објавата на социјалните мрежи. Netpress
Благодарност за топлиот прием!
Присуствував на натпревар на Престон Лајонс, еден од најуспешните македонски фудбалски клубови во Австралија. Kanal5