Тој додава дека како партија од центарот, главна мисија е заштита и промоција на македонскиот идентитет, култура, јазик и традиции.
Според него, ниту една друга партија во Албанија не се занимава со прашањата и предизвиците на македонската заедница, што нè прави единствен и посветен застапник на нејзините права и слободи. Plusinfo
Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), како единствен автентичен политички глас на Македонците во Албанија, денеска организира состанок во Корча, со претставници на македонските парламентарните партии, ВМРО – ДПМНЕ, СДСМ, на Демократски сојуз, а најавено е и присуство и на лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски и на Левица, Димитар Апасиев.
Покрај другото на средбата ќе ја претставиме долгорочната национална стратегија на МАЕИ за унапредување на положбата, правата и слободите на Македонците во Албанија. Fokus
Посебен фокус сакаме да ставиме на агресивната бугарска политика за асимилација, која е директно помогната и од албанските институции – рече Стерјовски.
На средбата беше претставена националната стратегија што ја предлага МАЕИ до македонските власти и политичките партии за унапредување на положбата, правата и слободите на Македонците во Албанија. Novamakedonija
На денешниот состанок организиран од страна на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), што се одржува во Корча, се обрати лидерот Васил Стерјовски, кој во име на партијата и негово лично име, им се заблагодари на претставниците на политичките партии ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, Левица, ЗНАМ и Демократски сојуз што ја прифатиле покана за денешниот состанок во Корча. Denesen
Според него, цели на стратегијата се обезбедување на правата на македонското национално малцинство во Албанија, поддршка за целосна примена на законските права на Македонците во Албанија согласно меѓународните стандарди (ОБСЕ, Совет на Европа, Повелбата на ООН…) и поттикнување на процеси за признавање и официјално евидентирање на македонското малцинство во региони каде што постои, но не е признато.
Во стратегијата, опфатена е и јазичната и образовна поддршка, а тоа е повторно отворање на училиштата на македонски јазик во областа на Голо Брдо и иницирање на отворање на училишта на македонски јазик во областа на Гора, доделување стипендии за студенти од македонското национално малцинство за студирање на универзитетите во Албанија, како и стипендии за постдипломски и докторски студии, подготовка на учебници на македонски јазик за училиштата во Албанија, во согласност со наставните програми коишто би ги печатела албанската држава. Denesen