Ќе удри утринската зора и за нас… Гоце Делчев Кога зборуваме или пишуваме за нашиот горостас Гоце Делчев, треба да сме свесни дека тој во усните преданија и пишаните записи е нарекуван: срцето, душата, чистотата на идеалот, смелоста во решенијата, бујноста на револуционерниот занес и богатството на идеи за Македонија и Македонците.
Премиерот Христијан Мицкоски на целата македонска јавност го честита родениот ден на македонскиот великан, идеолог и јунак Гоце Делчев.
Поменот за великанот на македонската историја и натаму силно живее.
Во земјава денеска се одбележуваат 153 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, визионерот, кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите.