Со цел полесен пристап и транспарентност во работењето на Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство, со помош и поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје изработена е веб страница, која ќе служи како основа за промовирање на правото на надоместок меѓу жртвите, институциите и јавноста. Denesen
Со цел полесен пристап и транспарентност во работењето на Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство, со помош и поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје изработена е веб страница, која ќе служи како основа за промовирање на правото на надоместок меѓу жртвите, институциите и јавноста.
Како што соопшти Министерството за правда, веб страницата на Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство е достапна на следниот линк: www.komisijazanadomestoknazrtvi.mk. Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство е новоформиран независен правен субјект кој одлучува за правото на паричен надоместок и за определување на видот и висината на паричниот надоместок на жртвите од кривично дело со насилство. Fokus