Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) и Министерството за економија и труд денеска на седница на Владата треба да поднесат извештај во врска со бојкотот на маркетите поради високите цени на прехранбените производи од што ќе зависи дали ќе се преземат понатамошни мерки за контрола на цените. Netpress
Бојкотот на потрошувачите го поддржа и премиерот Христијан Мицкоски кој рече дека не може исти производи од исти производители во сите земји во околината да бидат поевтини отколку во земјава, но кажа дека очекува производителите, дистрибутерите и трговците преку дијалог да го надминат проблемот.
ДПИ заедно со Министерството за економија и труд ќе излезат во јавноста со одредени параметри. Netpress
Надзор се врши врз целокупниот процес, се контролира и колкава е маржата ставена од трговците за период од шест месеци, дали таму е чепкано и врз основа на тој извештај од Инспекторатот, како Влада ќе преземеме соодветни мерки, истакна во четвртокот министерот за економија Дурмиши.
Барањата на синдикатите за зголемување на минималната плата и изнаоѓањето решение со коморите, трговците, увозниците и производителите на храна за стабилизирање на цените ќе бидат врвните при Според него, легитимно е да има бојкот на маркетите бидејќи одредени компании генерираат огромни приходи на грбот на граѓаните. Netpress