Вицепремиерот и министер за политички систем Иван Стоилковиќ смета дека пратеникот Сали Мурати од Движење на Турците на Македонија за правда и демократија со прашањето „зошто бил поканет претседателот на Република Српска, Милорад Додик“, сака да го засени најзначајното што се случило на настанот организиран за денот на српската заедница во државава. Plusinfo
Премиерот Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за говорот на Додик ден по свечената академија, рече дека не очекувал „дека ќе го злоупотреби тој настан со испраќање такви пораки“.
Во делот на содржината на говорот којшто се однесува на анти ЕУ, анти НАТО и слично, категорично го отфрлам и апсолутно не се сложувам. A1on
Праша како Стоилковиќ ќе го оправда тоа вршејќи ја најчувствителната министерска функција која подразбира грижа за кохезија на етничките заедници во државава.
Пратеникот констатираше дека со присуството и обраќањето на Додик на денот на Св. Сава во Скопје се предизвикало недоверба на другите етнички заедници во министерството што го предводи Стоилковиќ. A1on