Пратеничката од НСДП, Соња Мираковска, на денешната собраниска седница на која на дневен ред е и поставување опозициски прашања, побара оставка од министерот за здравство Арбен Таравари за последните случувања во здравството.
Пратеничката од Коалицијата предводена од СДСМ, Соња Мираковска од НСДП, на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања упати прашања до министерот за здравство Арбен Таравари кои е однесуваа на негова лична одговорност за хаосот на здравствениот систем кој е пред целосен колапс, нема лекови, децата умираат на Клиниката за детски болести, има недостиг на кадар и квалитетни здравствени услуги.