Заменик-претседателот на Владата задолжен за добро владеење Арбен Фетаи смета дека падот на земјата за 12 места на Индексот за перцепција на корупцијата на „Транспаренси Интернешнал“ е резултат на судските скандали во последната година од претходната влада предводена од СДСМ и ДУИ. Libertas
Според него, новата Влада ги адресира стратешките приоритети, како што се реформите во правосудството и борбата против организираниот криминал и корупцијата, чие спроведување ќе донесе конкретни резултати.
Во таа насока, тој го истакнува и иницирањето за разрешување на јавниот обвинител Љупчо Коцевски и интерпелацијата за членовите на Судскиот совет. Libertas