Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, во реплика одговорија дека сметаат дека се манипулира со реакциите, односно дека тоа не е намерата на измените.
Собранието денеска ги усвои и даде на второ читање и Предлог на закон за изменување на Законот за складирање и заштита од запални течности и гасови, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за патните исправи на државјаните на Република Северна Македонија, Предлог на закон за изменување на Законот за меѓународна и привремена заштита и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за технолошки индустриски развојни зони. Libertas
Со измените на Законот за работни односи, лицата избрани или именувани од надлежен орган можат да продолжат да ја вршат својата функција и по исполнување на условите за старосна пензија, но најмногу до 67 години.
Според предлагачите, пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, со измените се очекува креирање на можност за брзо и времено надминување на проблемот со дефицитот на судии и јавни обвинители и консеквентно на тоа подобрување на ефикасноста на судските постапки, како и пристапот до правда за граѓаните. Novamakedonija
Пратениците, исто така, денеска ги изгласаа и предлог измените и дополнувањата на Законот за девизното работење, Законот за регистрирање на готовински плаќања, Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, Законот за банките, Законот за финансиската инспекција во јавниот сектор и Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство.
Измените и дополнувањата на Законот за урбанистичко планирање, Законот за поштенските услуги и Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка, беа изгласани по скратена постапка. Kanal5
Според предлагачите, пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, со измените се очекува креирање на можност за брзо и времено надминување на проблемот со дефицитот на судии и јавни обвинители и консеквентно на тоа подобрување на ефикасноста на судските постапки, како и пристапот до правда за граѓаните.
За опозицијата, предлогот е противуставен и спротивен на начелото на еднаквост. Nezavisen