Мисајловски присуствуваше и на средбата со премиерите на македонската и хрватската влада, Христијан Мицкоски и Андреј Пленковиќ, на која се разговараше за развојот на меѓусебната севкупна соработка и поддршка во контекст на проширувањето на Европската Унија и влијанието на безбедноста на Балканот за континуиран развој на државите од овој регион, наведува МО во соопштението.
Предвидено е денеска Мисајловски да учествува на работниот ручек на покана на својот германски колега, Борис Писториус, и ќе учествува на сесијата посветена на новите политики на американската администрација, на покана на Ричард Гренел, специјален пратеник на претседателот на САД, за специјални мисии. Biznisvesti
Во текот на денешниот ден предвидено е министерот Мисајловски да учествува на работниот ручек на покана на својот германски колега Борис Писториус и ќе учествува на покана на специјалниот пратеник на претседателот на САД, за специјални мисии, Ричард Гренел на сесијата посветена на новите политики на американската администрација.
Минхенската безбедносна конференција е годишна конференција на која учествуваат лидери и носители на одлуки од целиот свет и на која се водат дебати за прашања во однос на меѓународната безбедносна политика. Mk
Министерот за одбрана Владо Мисајловски како дел од владината делегација предводена од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски вчера и денеска учествува на Минхенската безбедносна конференција во Сојузна Република Германија.
Утрово министерот Мисајловски средбите ги започна со заменик помошникот секретар за одбрана на САД, Дејвид Бејкер на која се разговараше за актуелните политики во поглед на регионалната и глобалната безбедност и за модернизацијата и опремувањето на македонската Армија, а од страна на Бејкер беше истакнат македонскиот придонесот во поглед на безбедноста на балканскиот регион и источното крило на НАТО. Mk