Се очекува овие организирани летови да донесат 35.000 туристи во земјава.
„Она што е најзначајно да се каже е дека со заеднички напор на Владата, на тур-операторите, со заеднички напор и поддршка и на ТАВ Македонија и двата аеродроми Скопскиот и Охридскиот, успеваме да привлекуваме туристи кои доаѓаат надвор од главната летна и зимска сезона. 360stepeni
Најмалку еден лет дневно и меѓу 180 и 200 туристи секојдневно ќе ни доаѓаат надвор од главната туристичка сезона.
До крај на годината очекувам преку 35 илјади туристи само од чартер летови од Германија, истакна денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на промоција на првиот чартер лет со туристи од Германија кои пристигнаа на Меѓународниот аеродром Скопје. Mk
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, министерот за култура и туризам Зоран Љутков, менаџментот на ТАВ и директорот на германскиот тур-оператор на RSD Reisen Хорст Живковиц, денеска на Меѓународниот аеродром Скопје го пречекаа првиот чартер-лет на авиокомпанијата „Фрибрд ерлајнс“, кој ја донесе првата група од 180 германски туристи. Nezavisen
Можам да најавам дека Туркиш ерлајнс ќе започне веќе од 27 март, а исто така и Визер на линијата Базел –Охрид, истакна вицепремиерот Николоски.
Вицепремиерот додаде дека за најдоца за два месеци ќе се започне со реконструкција и на терминалната зграда на охридскиот аеродром. Netpress