Се тврди дека станува збор за прашање кое не може да се уредува со Деловник, бидејќи изворно не е уредено со законски пропис, па се остава впечаток дека членовите сами си доделиле право и поволност кои Законодавецот не им го гарантирал.
Од ова придобивка имаат самите членови кои по завршување на мандатот во Советот на јавни обвинители се унапредени во повисоки позиции во јавните обвинителства, се наведува во иницијативата на обвинителката Ристоска. Nezavisen
Уставниот суд денеска на седница ќе расправа по предметот во кој е оспорена одредба од Деловникот за работа на Советот на јавни обвинители, а се однесува на оценување на стажот на јавните обвинители во периодот на нивното членување во Советот на јавни обвинители. Sitel
Ристоска спори дека членовите на Советот на јавни обвинители со Деловникот утврдиле дека додека им трае мандатот во Советот, тој им се смета исто како да ја вршат функцијата јавни обвинители, а за тоа нема законска основа.
Во иницијативата со која го оспорува член 4 став 7 од Деловникот за работа на Советот за јавни обвинители, кој гласи: Мандатот на членовите на Советот избрани од страна на јавните обвинители влегува во позитивно оценет јавно-обвинителски стаж, освен во случаи предвидени во член 35-а од Законот за Советот на јавните обвинители. Plusinfo