Во соопштението се вели дека „за кабинетот е неприфатливо што ДУИ преку пласирањето на лажни и непроверени информации и извлекување на неосновани констатации, се обидува да го наруши угледот и кредибилитетот на претседателката Сиљановска-Давкова“.
Претседателскиот кабинет соопшти и дека претседателката Сиљановска-Давкова ја прифатила поканата за присуство на свечениот прием по повод одбележувањето на Денот на независноста на Република Косово, што вечерва го приредува косовската Амбасада, што според Кабинетот е уште една потврда дека не станува збор за дипломатски превид или за поткопување на добрососедството. Plusinfo
Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова категорично ги демантира наводите во соопштението на политичката партија Демократската унија за интеграција објавено на 18 февруари 2025 година, според кои Претседателката на државата не упатила честитка по повод Денот на независноста на Република Косово. Mk