Законот за високо образование ќе претрпи големи промени, ќе настане реорганизација и наместо Агенција за квалитет во високото образование ќе има Одбор за акредитација и евалуација, кој ќе биде со сосема поинакви правила и принципи, посочи денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска. Press24
Сега се при крај со решенијата за да излезе новиот закон, кој кога ќе биде дефинитивно готов ќе оди на подолготрајна јавна расправа и нема да биде само 20 дена на ЕНЕР.
Ќе го доставиме до сите универзитети и ќе го оставиме подолго на електронска јавна расправа, а ќе организираме и јавна расправа со физичко присуство по што ќе ги анализираме и сублимираме препораките од вработените во високото образование и тогаш ќе излеземе со конечна верзија – рече Јаневска. Novamakedonija