Доколку Министерството за правда го изготви предлогот за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски до следната редовна владина седница, односно до наредниот вторник, оваа точка би се нашла на дневен ред на првата наредна седница.
Предлогот за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски денеска треба да биде разгледан на седница на Влада, по што ќе се достави до Советот на јавни обвинители.
Владата го разгледа мислењето на Министерството за правда во врска со јавниот обвинител Љупчо Коцевски и по сериозна дискусија реши да го задолжи министерство да достави предлог за разрешување на јавниот обвинител, информираше портпаролот на Владата Марија Митева на денешна прес-конференција.
Владата на денешната седница, го разгледала мислењето од Министерство за правда и по сериозна дискусија го задолжила ресорното Министерство да достави предлог за разрешување на републичкиот јавен обвинител пред истекот на неговиот мандат, кое потоа, како што истакна на денешната прес – конференција портпаролката на Владата Марија Митева, ќе го достави до Советот на јавните обвинители.