Директорот на Фондот на ПИОСМ, Мемов рече дека ова е еден чекор напред во соработката, а таа може и во иднина да се проширува со размена на други податоци од интерес на двата Фонда.
Директорот на Фондот на ПИО на Црна Гора, Дробњак, истакна дека е многу важно што се воспоствува ваква соработка и ја поздрави иницијативата на македонскиот Фонд за потпишување на Договорот. Press24
На иницијатива на Министерството за образование, наука и иновации, училишните одбори на основните и средните училишта во Црна Гора донесоа одлука за забрана за користење на мобилни телефони за време на настава, освен во случаите кога нивната употреба од страна на предметниот наставник е предвидена како наставна алатка за реализација на одредени наставни целини преку секојдневна подготовка, соопшти ресорното министерство, јавува (РТЦГ). „Одлуката предвидува и посебни околности – итни случаи, здравствени причини и слично, во кои учениците по одобрение од предметниот наставник или управата на училиштето можат да користат мобилен телефон. Radiomof